Фестивалот на музички документарни филмови „Скопје синема сити“, на 23 и на 24 јануари во Кинотеката на Република Македонија, ќе прикаже ретроспектива на филмовите од неговото прво издание.
На 23 jaнуари ќе бидат прикажани филмовите: „Уметници за жици“ во режија на Александар Јанковиќ/Александар Даутовски, „Дејвид Боуви – Стариот Актер“ во режија на Алан Јентоб, „Берлин – Патешествие инспирирано од Дејвид Боуви“ на Вили Асгеирсон како и „Музиката на Пруденс“ на Роџер Рос Вилијамс.
Во сабота, на 24 јануари премиерно ќе биде прикажан филмот „Застани на пат“ на режисерото Немања Ѓериќ. Влезот е бесплатен, а проекциите почнуваат во 20 часот.
Инаку првото издание на Фестивалот на музички документарни филмови „Скопје синема сити“ се одржа од 1 до 5 јули во Сули-ан и на Факултетот за ликовни уметности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.