| четврток, 6 декември 2018 |

Пет секси фантазии на жените во врска

Сексуалните фантазии не исчезнуваат кога ќе се впуштите во долгогодишна врска или во брак – напротив тоа е зовршено време за остварување на сите мали секси желби.

секс 3

Можеби креативноста кај жените во врска се буди токму затоа што практикуваат секс само со еден партнер, а можеби некои нешта едноставно никогаш не се менуваат.

Овие пет се најчестите сексуални фантазии кај жените во врска:

  1. Губење контрола

Можете тоа да го наречете ефект на Педесет нијанси сива, но голем број жени сакаат да ја препуштат својата контрола на мажот. Уште повеќе, тоа сакале да го сторат многу поодамна, уште пред да биде напишана оваа популарна книга. Ако сте расположени за врзување и превез на очите, немојте да се грижите – не сте единствени, има уште милиони други што го делат вашиот интерес.

  1. Секс на необично место

Уживањето во спалната соба е во ред, а понекогаш жените сонуваат за секс на необично место. Високо на листата на пожелните локации е сексот во хотелска соба со поглед на океан, секс на плажа, секс во кујна или сензуално истражување на телото на партнерот во када.

  1. Секс со странец

И додека се во врска жените фантазираат за секс со згоден странец, односно за жешки игри без обврски и без притисокот на секојдневието. Споделете ги вашите желби со партнерот, па препуштете се на ова сочно сценарио – заедно. Глумете дека сте странци што прв пат се запознаваат во ноќта, па изнајмете соба во некој ефтин хотел и препуштете му се на уживањето.

  1. Играње улоги

Жените сакаат униформи и развиени тела на мажи. Без разлика дали станува збор за згоден лекар кој е подготвен да ги прегледа, секси професор или тренер од теретана, со неколку „костими“ можете да ги имате сите овие фраери во вашата спална соба.

  1. Секс на јавно место

Едно американско истражување покажува дека дури 60 отсто од жените сонуваат на јавно место. И додека ретко која жена ќе му шепне на својот партнер дека бара секс во полн ресторан, а поголемиот дел од нив немаат ништо против фантазиите за секс на некое место каде во секој миг можете да бидете откриени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top