Се чини дека под силната фасада и тие се ранливи суштества кои само сакаат да бидат сакани и прифатени.
Терапевтот Стив Хорсмон успешно се занимава со „лајф коучинг“ и има работилници за мажи кои сакаат да ги решат проблемите во своите врски или бракови и истите да ги подобрат.
После неколку години искуство со мажите, тој дошол до интересен заклучок кој би можел да ги изненади жените.
– Жените би се изненадиле кога би можеле да ги слушнат моите разговори со мажите. Нашите дебати се контрадикторни со женските сфаќања за мажите. Тие дефинитивно не сакаат само секс, открива Хорсмон.
Поточно, постои нешто што повеќе го сакаат од сексот. Верувале или не, овој терапевт тврди дека станува збор за нежен допир во комбинација со вербално или невербално одобрување.
– Кога жената нежно со прстите го милува мажот и истовремено ја искажува својата поддршка и доверба во него, тоа е потег помоќен од сексот, бидејќи во тој момент мажот се чувствува силно и прифатено, тврди терапевтот Хорсмон.
А, која е причината поради која мажите никогаш нема да признаат дека оваа едноставна работа им е помила од сексот?
Тоа што се сигурни дека жените никогаш не би поверувале во тоа и само со насмевка ви превртеле со очите. Сепак, се чини дека под силната фасада и мажите се ранливи суштества кои само сакаат да бидат сакани и прифатени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.