| четврток, 6 декември 2018 |

Од утре трепкаво зелено светло на семафорите во Скопје

На крстосниците на подрачјето на Град Скопје утре ќе почне воведување трепкаво зелено светло на семафорите согласно Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата.

Во наредните петнаесетина дена, како што соопшти Град Скопје, трепкаво зелено светло ќе се воведе на сите семафори во Скопје, а на терен ќе работат екипите на ЈП „Улици и патишта“.

Според Законот, трепкавото зелено светло  се воведува за предупредување на учесниците во сообраќајот дека завршува зеленото светло и слободното минување и дека ќе се вклучи жолто, односно црвено светло.

Трепкавото зелено светло се воведува за да се овозможи дополнително информирање на возачите, кое ќе придонесе за зголемување на безбедноста на семафоризираните крстосници на подрачјето на градот Скопје.

Од Градот Скопје ги потсетуваат возачите дека согласно Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата жолтото светло означува забрана за минување, освен за возилата кои во моментот кога ќе се појави жолто светло се наоѓаат на таква оддалеченост од светлосниот знак што не можат на безбеден начин да запрат, а да не го поминат тој знак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top