| четврток, 6 декември 2018 |

Професорка признала дека има снимки од секс со ученици

Триесет и петгодишната Тара Дрискол, која порано предавала во средно училиште во Квинс, САД, признала дека поседува снимки од сексуален однос со малолетен ученик, како и дека била во врска со уште двајца ученици.

Целата афера била откриена кога девојката на еден од малолетниците дознала за сексуалните релации на професорката со учениците. Професорката во 2011 година со денови разменувала СМС со еден од учениците, а на крајот го повикала во нејзиниот кабинет каде што имале сексуален однос. Една година претходно, професорката имала секс со уште еден ученик кој бил разоткриен од неговата девојка која ја нашла пораката во неговиот телефон.

Професорката е осудена на условна казна затвор од шест години и забрана да врши професорска дејност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top