Присли Гербер ги наследи од мајка му најубавите гени, а по се изгледа дека сериозно планира професионално да се оствари како манекен.
Манекенката Синди Крафорд (49) со сопругот Ранд Гербер има две деца, а тие се сигурно едно од оние семејства на кои многумина им завидуваат кога е изгледот во прашање.
Синди неколку пати беше прогласена за најубава жена на светот, меѓутоа, по се изгледа децата на манекенката се на добар пат да ја засенат мајка им. Ќерката на Каја (13) ја наследи убавината од мајка и, но ни синот Присли (16) не заостанува со гените од мајка му, па така се најде и на насловната страна на магазинот „ЦР Фешн Бук“.
Највпечатлива е бемката на неговото лице. Таква иста бемка, на истото место е заштитен знак на неговата мајка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.