| четврток, 6 декември 2018 |

Мајката што го преживеа масакрот во Велика Иванча не сака да се врати во куќата на ужасот

Шеесетгодишната Јаворка Богдановиќ, која е единствената преживеана од масакрот во Велика Иванча, не сакала да се врати во куќата на ужасот каде што беа убиени нејзиниот син и мајка ѝ.

– Не враќајте ме во куќата каде што Љубиша ми го уби синот. Водете ме во Јагњило, побарала мајката од двете ќерки откако и соопштиле дека син и е мртов.

Јаворка Богдановиќ вчера ја напуштила болницата во придружба на ќерките Зорица и Славица, кои ја однеле до семејната куќа каде што на 9 април нејзиниот сопруг го почна крвавиот поход во кој уби 13 соседи и роднини, а на крајот сам си пресуди. Меѓу убиените имаше и двегодишно бебе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top