| четврток, 6 декември 2018 |

Републиканецот Кери Бентиволио нов член на групата пријатели на Македонија

Републиканецот од Мичиген, конгресменот Кери Бентиволио, е 18. член на конгресната група на пријатели на Македонија. Конгресменот Бентиволио го претставува единаесетотто гласачко тело на Мичиген кое ги вклучува градовите Трој и Блумфилд Хилс, каде што живеат многу Американци со македонско потекло, јави Обединетата македонска дијаспора.


– Мичиген е дом на повеќе од 120.000 Американци со македонско потекло. ОМД и Македонско-американската заедница во Мичиген се благодарни на конгресменот Бентиволио за неговото членство во конгресната пријателска група за Македонија – рече претседателот на ОМД, Методија А Колоски.
Давајќи ѝ глас на Македонско-американската заедница во Вашингтон, ОМД со нетрпение ја очекува соработката со сите членови на Конгресната група за Македонија за продлабочување на врската меѓу САД и Македонија. ОМД ги охрабрува сите Американци со македонско потекло да ги контактираат своите претставници во Конгресот и да ги замолат да се придружат на Конгресната група за Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top