Безбедносните служби на САД имаат осомничен за нападите на бостонскиот маратон. Станува збор за 20-годишен државјанин на Саудиска Арабија, кој бил под надзор во една од болниците во Бостон. Според американските медиуми, терористот имал повреда од шрапнел. Осомничениот негирал дека е поврзан со нападите.
Напаѓачот е уапсен само два часа по двете експлозии на целната линија на Бостонскиот маратон во центарот на градот. Полицијата пронашла уште три неексплодирани бомби во близина на местото каде што се случи нападот.
Досегашните информации велат дека во терористичките напади најмалку 12 луѓе загинале, а повеќе од 130 повредени, од кои 17 се критични. Повредените се сместени во седум различни болници.
Белата куќа веднаш го оцени инцидентот како терористички напад.
Секој напад во кој има повеќе експлозивни направи, како во овој случај, е чист акт на терор, се вели во официјалното соопштение на Белата куќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


