| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал во Холивуд: Црномурните актери најавија бојкот на „Оскар“

dzejda pinket smit

Џејда Пинкет Смит

 

Черил Бун Ајсакс, претседателката на Американската академија за филм, која ги доделува наградите „Оскар“, вчера вети промени откако црномурниот режисер Спајк Ли и актерката Џејда Пинкет Смит најавија бојкот на доделувањата.

Ајсакс издала соопштение во кое ветува разновидност и тоа брзо по најавата за бојкот на годинашната церемонија поради номинацијата само на бели актери.

– Ова е тежок, но важен разговор и време е за големи промени – навела Ајсакс во соопштението во кое наведува дека истовремено е тажна и фрустрирана од недостиг на црномурни актери и актерки во годинашните номинации.

Ниту еден црномурен актер/актерка не е номиниран за „Оскар“ веќе втора година по ред, што наиде на осуди преку социјалните мрежи и предизвика полемики. Минатата година имаше повици за бојкот, но не од така истакнати личности како годинава.

Академијата е сочинета од 6.000 членови, од кои, според пишувањето на весникот „Лос Анџелес тајмс“, речиси 94 проценти се белци, главно мажи, два отсто се црномурни, а со латинскоамериканско потекло се помалку од два процента.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top