Љубовта кон фудбалот не познава сиромаштија ниту многу пари, кои денес ги заработуваат светските ѕвезди. Факт е дека често се случува дека и оние најсиромашните на крајот направат најголеми кариери, а фудбал почнуваат да играат со крпени топки среде каллива улица.
На интернетот се појави фотографија на сиромашно момче која го потресе светото, но и која ја покажува најчистата емоција која фудбалот може да ја создаде.
За сега непознато момче, очигледно љубител на Лионел Меси направил дрес од платична кеса, која ја бојадисал во боите на Аргентина и на неа со маркер го напишал бројот 10 и името Меси.
На Твитер профилот со кој раководат љубителите на ликот и делото на најдобриот фудбалер на светото потврдија дека ги контактирал лично Меси кој побарал да го најдат момчето за кое имал специјален подарок.
Според неофицијалните информации момчето е од Ирак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.