Македонските ракометари во четврток со почеток од 18:15 часот ќе го играат следниот меч на ЕП во Полска.
По Србија, наш нареден противник најверојатно ќе биде селекцијата на Хрватска, која на две минути до крајот на првото полувреме има голема предност од 8 голови во мечот со Исланд (18:10).
Доколку “коцкестите“ победат, а се на најдобар пат да го сторат тоа, тогаш ќе го освојат второто место во групата Б. Трета ќе биде Белорусија која нема да пренесе ниту еден бод.
Прва во групата со сигурност ќе биде Норвешка, која ќе пренесе 4 бода во следната фаза, по победите над Белорусија и Хрватска, доколку Исланд не направи чудо и избегне пораз од Хрватска.
Доколку се задржи овој редослед во групата Б, тогаш во сабота (25-ти јануари) играме против Норвешка исто од 18:15 часот, додека во понеделник (27-ми јануари) против Белорусија од 20: 30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.