| четврток, 6 декември 2018 |

Туск предупреди: ЕУ може да се распадне за два месеци

eu migrantiЕвропа има не повеќе од два месеци да ја стави под контрола миграциската криза, инаку нејзината Шенген зона на слободно движење ќе се сруши, изјави пред Европскиот парламент, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

-Имаме помалку од два месеци да ги поставиме работите под контрола, инаку Шенгенот ќе се распадне. Ако не ги чуваме надворешните граници на ЕУ, ќе се распаднеме како политичка унија- додаде претседателот на Европскиот совет, Туск.

ЕУ се соочува со најголем миграциски тест од Втората светска војна наваму, откако само минатата година на територијата на Унијата пристигнаа над еден милион бегалци.

Европратениците разговараа за прашањата поврзани со Шенген, борбата против тероризмот, миграцијата и останувањето на Британија во Заедницата.

Одбраната на Шенген бара тешки одлуки. Миграцијата ја става на тест виталноста на ЕУ. Бевме ставени на истовремени проверки на сите фронтови, но самодовербата дека ќе се справиме, доаѓа од нашата поврзаност, додаде Туск.

Одлуките за „жешките точки”, проверките за безбедност, протерувањето на мигранти, не се спроведуваат. Планот со Турција уште не дал резултати. Имаме два месеци да ставиме ситуацијата под контрола. Две илјади новодојдените мигранти на ден има во ЕУ. Ако не успееме, Шенгенот ќе пропадне, рече тој.

Се наоѓаме на крстопат на сложена и повеќеслојна криза, коментира претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер. Во состојба сме да најдеме европски одговор, тоа е наша обврска. Ни треба повеќе емпатија. Ова е од особена важност, ако сакаме да ги одржиме нашите достигнувања. Ако земјите во ЕУ ги рименат донесените одлуки за миграциска криза, ќе бидеме во подобра положба. Треба да се продолжи од зборови на дела. Постои потреба да биде позајмен дел од националниот суверенитет за европската безбедност на границите и зачувувањето на Шенгенот. Цената на губењето на Шенген ќе биде многу висока, станува збор за пари, посочи Јункер.

Последна дебата покажа општа тревога меѓу европратениците за недостатокот на делотворно решение на кризата и истовремено голема шареноликост во позициите за тоа какво треба да биде ова решение.

Од името на Европската народна партија Манфред Вебер коментира дека затворањето на границите на ЕУ за Сиријците не е решение. Има потреба од правилна примена на донесените одлуки. Оние кои немаат право да ги напуштаат домовите, не смеат да бидат прифатени во Европа и треба да бидат вратени. Оние кои не ги прифаќаат нашите културни традиции и нашите закони, треба да бидат протерани, рече тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top