| четврток, 6 декември 2018 |

Струмица: Кој друг, ако не Лазо Длгио, петти пат го фати Светиот крст

Лазо Кутуровиќ, познат во Струмица, како Лазо Длгио, беше најсреќниот меѓу тринаесетте верници кои скокнаа по Светиот крст во водите на градскиот базен Аквариус. Верни на традицијата струмичани го посведочија осветувањето на водите, по повод празникот Водици- Богојавление.

– Учествувам повеќе од дваесет пати. Се фрлам по Светиот крст за среќа и здравје. Среќен сум што и оваа година успеав да го фатам. Воопшто не ми е тешко да учествувам, рече Кутуровиќ.

Во Струмица централната манифестација се одржа во црквата „Св. Кирил и Методиј“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top