Познатиот фолк-пејач Шабан Шаулиќ (64) ја избркал ќерка си Илда Шаулиќ (38) од својата куќа. Како што пренесуваат медиумите во регионот, пејачот купил куќа во елитната белградска населба Дедиње, во близина каде што неговата ќерка Илда има стан. Кога се преселиле во таа куќа, Илда поминувала повеќе време кај нив дома отколку во својот стан.
Пејачката наводно била многу нервозна и постојано плачела, Шабан тоа го забележал, и кога ја прашал која е причината за нејзиното депресивно расположение, таа му признала дека е во врска со двојно постар партнер кој и прави љубоморни сцени па поради тоа постојано е нерасположена.
Шаулиќ се обидел да ја утеши својата ќерка. Но Илда не го послушала советот на својот татко и продолжила со своите емотивни испади, по што пејачот ја замолил да ја напушти неговата куќа и да не се враќа кај нив се додека не престане со таквото однесување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се шушкаше, дали е вистина-ова е љубовницата на Шабан Шаулиќ поради која се разведува?
-
Ќе паднете во несвест кога ќе ги видите паричниците – Шабан и Александра се бањаа во евра!
-
Знае да си наплати: Колку чини еден час на свадба да ви пее Шабан Шаулиќ?
-
Шабан Шаулиќ проговори после 14 години: Ме тераа да носам перика!