На пригодна свеченост која се одржа во Куќата на Уранија на МАНУ, вчеравечер беше доделена Светската награда за хуманизам на дописниот член на Хрватската Академија на науките, истакнатиот славист Дарко Гашпаровиќ. Ова е десетта година по ред како оваа престижна награда се доделува во Охрид, во очи на големиот Христијански празник „Богојавлениe – Водици“. Наградата која ја доделува Охридската академија за хуманизам ја врачи градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.
-Вечерва е привилегија да се биде во Охрид, во предвечерието на големиот христијански празник Богојавление, кога сите сме искрено сплотени со Бога, со добра мисла, исполнети срца и љубов за сите луѓе. Вредности за кои годинашниот добитник на Светската награда за хуманизам на Охридската Академија на хуманизмот, академик Дарко Гашпаровиќ, во неговото децениско творештво неуморно ги потвдрува, надоградува и несебично ги дели со целиот човечки род – рече градоначалникот Бакрачески.
Тој истакна дека оваа година ќе се одбележат 1100 години од упокојувањето на нашиот патрон и сесловенски светител Свети Климент Охридски чие дело и денес е столб на вистината, хуманоста и љубовта.
-Токму луѓе, творци, космополити и хуманисти како академик Гашпаровиќ, чие творештво му пркоси на времето и просторот, во вечната потрага за убавото, доброто, универзалното – влева надеж дека и во иднина ќе знаеме да се сочуваме себе си како луѓе на повисоко ниво на духовност препознатлива за целото човештво – рече Бакрачески.
Во своето обраќање пред присутните, годинешниот добитник на Светската награда за хуманизам, Дарко Гашпаровиќ, изрази голема благодарност до Охридската академија за хуманизам, што му ја додели оваа награда.
-Можеби никогаш како денес, хуманизмот не преживувал потешки денови. Ставен во средиштето на Исусовата наука како создаден од Бога, присутен уште во Античко, Хеленско, искон на европската култура и цивилизација, кој во доцниот среден век е воздигнат на разни универзални парадигми, хуманизмот како предност на човечките суштества во последните две столетија од историјата се најде во искушение на оспорување, како во друштвената прагма така и во уметноста – рече Гашпаровиќ.
Во рамки на јубилејното свечено доделување на наградата, беше промовирана и идејата за проектот „Охрид град на светскиот хуманизам“ од академик Светлин Русев од Бугарија, кој воедно е и еден од досегашните добитници на ова високо светско признание. Беше презентирана идејата за поставување на спомен облежје или монумент, кој што ќе го симболизира Охрид како седиште на светскиот хуманизам, а академикот Русев кој е светски познат уметник се понуди да биде и автор на ова дело.
-Идејата е хуманизмот како вечност, како трајност, како пат кон спасението на човештвото претставува основата за овај монумент. Тој ќе биде изграден од камења, во кој ќе биде вметната икона на Св. Климент Охридски, а самото тоа што планираме да биде лоциран покрај вода која го симболизира хуманизмот како извор на чистота, светлина и спасение ќе ја носи симболиката на хуманизмот, истакна академик Светлин Русев.
На обележјето, планирано е бидат вградени сите досегашни добитници на Светската награда за хуманизам.
-Овај десетгодишен јубилеј има веќе голема историја. Една деценија во која Охрид е центар на Светскиот хуманизам и мислата на Борхес дека нема ништо реално што е бессмрттно освен човештвото, оваа година има и 400 години од смртта на Сервантес кој што рекол дека „Светот е мал како шамивче“, мислам дека светот мал како шамивче, видено во љубовта и визиите на учениците на Св. Кирил и Методиј, Св. Климент и Св. Наум Охридски прозвучи во вечерва во Охрид, рече Претседателот на Охридската Академија на Хуманизмот и Ректор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Јордан Плевнеш.
Во процесот на изработка на спомен облежјето ќе бидат вклучени сите светски организации – Обединети нации, УНЕСКО и сите фондации за култура во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст