| четврток, 6 декември 2018 |

Петнаесетина капачи во студените води на Вевчанските извори

Дваесетгодишниот Павел Шекуткоски од Вевчани го фати светиот крст што денеска беше положен во Вевчанските извори.

Тој беше најсреќен меѓу 15-тината вевчанци, што скокаа по светиот крст во студените изворски води во Вевчани.

– Очекувам здравје, среќа и многу љубов. Пред една недела сонував дека ќе го фатам крстот, изјави Шекуткоски.

Ова е втор пат што го фаќа крстот, а прв пат го фатил во 2013 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top