| четврток, 6 декември 2018 |

Филмска бркотница кај Богомила – превртено возило и осум повредени лица

Мешовита полициска патрола во реонот на с.Богородица околу 05.30 часот вчера забележала три патнички моторни возила „ауди“ сите со скопски регистарски ознаки.

Првото возило имало улога на „чистач“, додека во другите се превезувале мигранти. Во координација со друга патрола направен е обид за сопирање на возилата, кои на даден знак „СТОП ПОЛИЦИЈА“ не застанале и со голема брзина наместо кон Скопје продолжиле со движење кон Валандово, при што едното возило кај раскрсницата Брајковци-Пирава-Валандово излетало од коловоз и се превртело, при што возачот напуштил место на настан, а со повреди се здобиле осум мигранти, кои со две амбулантни возила се пренесени во ГОБ-Гевгелија, каде им се констатирани телесни повреди. Се работи за шест лица од Мароко и две од Пакистан.

Мешовитата патрола продолжила со следење на другото возило по регионалниот пат Струмица-Штип и во близина на с.Градошорци заедно со патрола од ПС-Струмица било сопрено при што во возилото пронајдени се 10 илегални мигранти и тоа четири од Либија, две од Пакистан, три од Алжир и еден од Мароко, како и возачот З.Р.(28) од Скопје.

Третото возило не е пронајдено.

Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top