| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот Иванов подари крст со рубини за најсреќниот кичевец

Дејан Момироски беше најсреќниот меѓу 25-те млади момчиња, кои денеска скокаа по Светиот крст во Градскиот базен во Кичево.

На денешната прослава на празникот Богојавление – Водици која започна во раните утриниски часови присустуваше и претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

Македонскиот претседател придружуван од пратеникот Благоја Деспотоски утрово беше во соборниот храм „Свети Петар и Павле“, од каде заедно со свештениците и граѓаните од Кичево тргнаа преку плоштадот „Осободување“ до Градскиот базен, во чии води по литургијата беше положен Светиот крст.

Покрај многубројните подароци, Момироски од претседателот Иванов доби крст со рубини.

Момироски по фаќањето на освоетениот крст изјави дека е многу среќен и дека посакувам многу здравје, среќа и радост за сите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top