Автомобил со голема брзина се удри денеска наутро во толпа пешаци во кинескиот округ Фенсин. Информативниот портал Соху соопшти дека како резултат на несреќата на самото место загинаа три лица, а 18 се со различен степен на повреди, пренесува ТАСС. Сајтот наведува дека мнозинството од настраданите биле ученици, а повредите на двајца од нив се оценуваат како многу тешки. Полицијата го уапсила возачот на автомобилот, од кого е запленет нож, а на стомакот имал отворена прободна рана. Полицијата ги истражува околностите околу инцидентот. Засега не се објавена повеќе детали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.