| четврток, 6 декември 2018 |

Собранието донесе одлука за распуштање

sdsm go napusta sobranieto (2)

Собранието со 73 гласа „за“ донесе одлука да се распушти. Според она што го предложија ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ актуелниот собраниски состав ќе работи до 24-ти февруари кога ќе почне да се применува одлуката за распуштање на Парламентот.

Во текот на вечерта беше констатирана оставката на Никола Груевски од функцијата претседател на владата. За нов премиер е предложен Емил Димитриев, кој вечерва го доби мандатот за состав на нова влада од претседателот Ѓорге Иванов.

Експозето на мандатарот е најавено за 22 часот во Собранието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top