„Не можам да го заборавам моментот кога тргнав кон Македонија на подготовките кои требаше да бидат почеток на уште едно врвно искуство во моите национални настапи.Ја гушкам мојата “мала принцеза” а веднаш ми се втурнува в пазуви и “големиот принц” со зборовите : “Тато овој пат да ги победите сите. Кога ќе си дојдеш дома и медал да ми донесеш”. Ме насолзија од убавина и радост двете мои најголеми задоволства и се кренав, на пат.Затворајќи ја вратата ми остана сликата како врежана “Тато…медал…”.
На моменти мислам дека токму таква сила ми создава чувството што ми го влеваат моите две мали ѕвездички со најголема моќ. Тоа се зборови кои најчесто ме движат од натпревар во натпревар.Тие мисли посакувања желби од најблиските. А тоа ми е момент со поистоветување. Поистоветување со националниот идентитет и желба за победа. Бидејќи тие се мои деца, а јас сум дете на земјата каде и тие и јас го имаме вдишано животот на свеста и правилното насочување на мислите.Да и некогаш мoже забегувам со комплетно анализирање на секоја ситуација, но тоа сум јас.
Кире .”
ИЗВАДОК ОД КНИГАТА ” СЕДУМ”‘
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.