Кај омилената телевизиска водителка од нашите мали екрани која плени со ставата, модниот стил и е вечниот копнеж на мажите ширум Македонија температурите под нула земаа „данок“.
Имено, Лила Филиповска која и во лето и во зима споделува фотографии на кои нејзиното деколте им подгрејува мечта на сите корисници на Фејсбук овој пат сподели фотографија на која нема ниту малку провокација. Во долг зимски капут и зимска капа Лила на оваа фотографија речиси и да не личи на себе.
Зимата и ниските температури овој пат се виновни за фотографија на која Лила ја гледаме во едно издание кое не е својствено за неа, но и ваква водителката собра бројни лајкови и позитивни коментари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





