Ноќва околу 00.30 часот во Штип на ул.„Сутјеска“ настанал пожар во стан во сопственост на В.Д. (58), при што изгорела целата покуќнина.
При гаснењето на пожарот со изгореници од втор степен на лицето и дланките се здобил еден пожарникар, кој е хоспитализиран на одделението за хирургија во Клиничката болница Штип, каде лекарска помош поради труење со јаглероден диоксид му е укажана и на полициски службеник, кој е пуштен на домашно лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од ОКТУПА при СВР-Штип.
Пожарот е изгаснат од страна на екипа од ТППЕ-Штип. Причината за предизвикување на пожарот и материјалната штета дополнително ќе биде утврдена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст