| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен синот на Владе Дивац

Матија Дивац бил уапсен во Сакраменто бидејќи возел во алкохолизирана сосотојба, по што морал да ја помине ноќта во притвор.

divac

Дивац јуниор бил приведен во 01:20 часот по полноќ, поради возење под дејство на алкохол враќајќи се од една забава во главниот град на Калифорнија.

Матија, да биде уште поинтересно го возел автомобилот „Тесла“ кој оди на електричен погон.

matija-divac-printskirn_1000x0

Тој бил задржан во притвор додека се отрезнил, што траело до осум часот наутро кога по него дошле неговите родители.

Инаку, Матија тргна по стапките на татко му и играл кошарка до јуниорска категорија во Партизан, а потоа во Раднички, но со оглед дека немал амбиции сериозно да се занимава со спортот прекинал по завршувањето на јуниорскиот стаж.

-Точно е дека мојот син бешее уапсен поради тоа што имал поголемо количество на алкохол во крвта. Се враќал од некоја забава со другарите и испил повеќе од што треба. Полицијата го приведе и беше задржан во притвор дека не се отрезни. Му следи одземање на возачката дозвола на 30 дена – изјавила Снежана Дивац сопругата на познатиот кошаркарски ас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top