Универзитетот во Конетикет, САД направил студија која покажала дека Американците сакаат децата да им бидат мали Ајштајни, а европјаните се многу поопуштени и ним многу им е важна среќата на децата. Според студијата, Американците многу повеќе се фокусираат на интелектуалните и когнитивните вештини на своите деца, но не знаат да кажат дали се тие среќни.

– Америка е опседната со когнитивниот разој и тоа уште додека се многу мали – се наведува во студијата.
Студијата се фокусирала во САД и во Холандија. Резултатите биле потполно различни – американските родители имаат „посебно време“ за своите деца, а Холанѓаните минуваат по неколку часа со своите деца и со семејството.
Американските родители изјавиле како се борат да воспостават ред со спиењето кај малите деца, а Холанѓаните имаат друг режим – многу повеќе одмараат и имаат нормален распоред.
Освен со распоредот на спиење, Американците се оптоварени со интелигенцијата на детето уште од многу мало.
Истражувачкиот тим направил листа на атрибути со која 60 семејства во шест различни држави треба да ги опишуваат своите деца. Американците постојано споменувале дека децата им се исклучително ителигентни, а другите земји се фокусирале на среќа, задоволство и баланс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


