Британската хуманитарна организација „Оксфам“ соопшти дека 62 милијардери на светот се богати како половина светска популација. Од 2010 година богатите стануваат побогати за 44 отсто, зголемувајќи го своето богатство на 1,76 трилиони долари, што е еднакво на вкупното богатство на 3,5 милијарди најсиромашни луѓе во светот.
„Оксфам“ во понеделникот соопштил дека „даночниот рај“ им помага на фирмите и на индивидуалците да стават настрана 7,6 трилиони долари, одземајќи од владите на државата 190 милијарди приходи од даноци.
Според „Оксфам“, нема начин да се провери дали богатството се дели на праведен начин. Според организацијата, богатството се наоѓа во рацете на група луѓе, а најсиромашните стануваат уште посиромашни.
Во 2010 година 388 луѓе поседувале имот вреден толку колку што вреди имотот на 50 отсто најсиромашните луѓе во светот.
Марк Голдинг, шеф на „Оксфама“ во Велика Британија, истакнал дека грижата за светските лидери за нееднаквоста не се гледа во нивното дејствување.
– Едноставно е неприфатливо половина од најсиромашната светска популација да има пари помалку од група луѓе. Толку се малку, што може да ги тренира еден тренер – рече Голдинг.
Ова е посебно поразително и поради фактот дека во светот девет од десет луѓе навечер заспиваат гладни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст