| четврток, 6 декември 2018 |

„Долу од рајот“ од 21 јануари во киното „Милениум“

На 21 јануари во киното „Милениум“ ќе почне со прикажување во редовен репертоар, краткиот филм „Долу од рајот“ на македонскиот режисер Саша Станишиќ по сценарио на Кристина Христова- Николова.
ee68918e-659e-4a47-bdf7-7b374015b87e
Филмот ќе биде на редовен репертоар пред филмот „Повратник“.
Долу од рајот“ се снимаше на повеќе локации во Битола. Ова е трет краткометражен филм на Станишиќ кој е автор е на два краткометражни филмови „Мангава Диско Панк“ дел од омнибусот „Скопје Ремикс“ и „Митот за Сара“.
Главните улоги ги играат Ана Ошавкова, Зоран Бојаровски, Соња Ошавкова, Кристина Христова- Николова и Владимир Петков.
Директор на фотографија е Горан Наумовски кој за овој филм ја доби наградата „Мала Златна камера 300“ на овогодинешното издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера “Браќа Манаки“ во Битола.
Сценографијата на филмот е на Влатко Зафирковски, костимографијата е на Бурим Муслиу додека музиката е на реномираниот бенд од Турција “Баба Зула”.
Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Р. Македонија, Националниот филмски центар во Бугарија и СЕЕ Синема Нетворкс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top