Британскиот сервис „Би-Би-Си“ тврди дека има тајни документи, кои докажуваат наместени натпревари во елитното тениско светско натпреварување вклучувајќи и корупција на најпознатиот светски турнир Вимблдон.
Документот што го има „Би-Би-Си“ вклучува и наоди од истраги спроведени од 2007 година до сега од страна на Тенис интегрити јунит. Во нив стои дека во минатото десетлетие за местење натпревари се осомничени дури 16 тенисери од Топ 50 вклучувајќи и освојувачи на Гренд слем наслови.
„Би-Би-Си“ реши да не објави конкретни имиња на тенисери затоа што без пристап до нивните банкарски сметки и компјутери не е можно конкретно да се утврди дали тенисерите лично учествувале во местењето натпревари.
– Постои јадро од околу 10 играчи за кои веруваме дека биле најчесто потчинети на прекршоци и кои биле основата на проблемот – објаснува за „Би-Би-Си“ Марк Филипс, еден од истражителите на скандалите со обложување од 2007 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст