По повод заедничкиот проект меѓу Фудбалската федерација на Македонија, единиците на локална самоуправа и УЕФА за изградба на фудбалски игралишта со вештачка трева, денеска во куќата на фудбалот во организација на ФФМ се одржа првиот состанок за проектот.
На работниот состанок присуствуваа Претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, претставниците на УЕФА, Давид Патриашвили – одговорен за националните асоцијации и “хет трик“ програмата на УЕФА, Маркус Келер – експерт за фудбалски терени и овластени лица од општините Битола, Ѓорче Петров, Гази Баба, Штип, Тетово, Велес, Охрид, Прилеп и Струмица. За време на престојот, гостите од УЕФА ќе посетат 12 локации на кои е предвидена изградбата на фудбалските игралишта.
Фотографијата е превземена од официјалната страница на ФФМ, ffm.com.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


