| четврток, 6 декември 2018 |

Патиштата се проодни, но се препорачува внимателно возење поради наноси од снег и северен ветер

Патиштата во Македонија се исчистени од снег, но поради ниските температури се очекува замрзнување на одредено места, па се препорачува внимателно возење. Од АМСМ соопштуваат дека забрана за тешки товарни возила и автобуси има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, а за останатите возила задолжителна е употреба на зимска опрема. Забрана за тешки товарни возила има на патниот правец Крива Паланка-Гр.премин Деве Баир.
Се препорачува повнимателно возење пради силен северен ветар на патниот правец Штип – Кочани наместа има појава на наноси од снег на коловозот. Се препорачува внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Забраната за тешки товарни возила на паниот правец Берово –Стрмица е укината во 18:45. Забранaтa за тешки товарни возила на патниот правецСтруга – граничен премин Ќафасан е укината во 10:30 часот, на патниот правец крак Стража – Кичево е укината во 09:50 часот и на патниот правец крак Маврово – Дебар е укината во 13:15 часот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот после интервенција на дежурните екипи од Македонија Пат. Слаби врнежи од снег се бележат во Маврово, Страцин, Куманово, Делчево, Смојмирово, Кула и на планинскиот превој Стража. Снег со појак интензитет се бележи на патниот правец Крива Паланка – гр. премин Деве Баир.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top