| четврток, 6 декември 2018 |

Уште еден гаф во низата на Ременски

Техничката министерка Фросина Ременски ,ги оставила без осигурување вработените во Министерството за труд и социјална политика, вработените во 30 центри за социјални работи и 9 јавни установи како и корисниците згрижени во институции под капата на Министерството, пишува порталот „Денешен .мк“. Неосигуран бил и целиот движен и недвижен имот, како и сите моторни возила на Мнистерството во 2016 година.

Според изворите на порталот, јавната набавка за осигурување за 2016 чекала на потпис кај техничката министерка од 23 –ноември 2015, а истата била потпишана од нејзина страна дури на 21 декември, што претставува преседан и смислена опструкција во задоцнување од околу еден месец  иако јавната набавка за избор на осигурителна компанија преку која ќе се осигура имотот на министерството била подготвена еден месец претходно.

-Конкретно тоа значи дека во моментов не постои никакво осигурување на имот, осигурување на вработените како осигурување на возилата  во сопственост на министерството, пишува Денешен.

Порталот потсетува дека ова е само еден од низата скандалозни потези на Ременска со кои Министерството во голема мера последниве два месеца е целосно парализирано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top