
Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски бара земјава да биде конечно извадена од политичката криза.
Тој испраќа јасна порака- ако изборите не се одржат на 24-ти април годинава, следните парламентарни избори да бидат редовни, односно во април 2018-та година.
Јакимовски се обрати до премиерот Никола Груевски и до лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
-Имате мнозинство во Парламентот и донесете одлука со која што ќе излеземе од оваа шизофрена ситуација. Или избори на 24-ти април или одлагање на изборите како што бара Зоран Заев, но за април, 2018-та година. Тоа значи поништување на договорот од Пржино, а министерчињата од СДСМ да се вратат онаму од каде што дошле. Владата на Република Македонија да продолжи да работи со полн капацитет во интерес на граѓаните на Република Македонија, рече Јакимовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јакимовски: Со овој договор треба да се откажеме од човековите права на нашето национално малцинство во Бугарија
-
Јакимовски: Од понеделник сите општини ќе бидат под целосна блокада
-
Куп-титулата на Карпош Соколи слета во општината, Јакимовски вети премии
-
Јакимовски: Од обврзницата на СДСМ плативме 72 милиони евра камата после 10 години, затоа треба да се суди некој


