Вардаровиот ракометар Филип Лазаров вечерва ќе биде во составот на Македонија на мечот против Полска, во рамките од 2. коло на А групата на Европското првенство.
Тој го пропушти првиот меч против Франција, бидејќи ја немаше залечено повредата со која се здоби на вториот контролен меч со Словенија во рамките од подготовките за ова првенство.
Лазаров во целост го одработи синоќешниот тренинг па селекторот Ивица Обрван реши да му даде можност да и помогне на репрезенатцијата во претстојниот тежок дуел со домаќинот на првенството.
Капитенот на Вардар, ќе го заземе местото на Жарко Пешевски.
Мечот, Македонија – Полска се игра вечерва во Краков со почеток од 20 часот и 30 минути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст