| четврток, 6 декември 2018 |

Заев повторно си контрира и се демантира

zaev-kol170-1

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по којзнае кој пат си контрира самиот на себе. Со контрадикторни изјави, газење по дадениот збор, менување на ставови со експресна брзина, овој политичар продолжува со обиди да ја манипулира јавноста. Но, Заев е прочитан и граѓаните не му веруваат – пишува Курир.

Во политичката криза која во Македонија ја создаде СДСМ, Заев речиси ниту еднаш не застана зад својот даден збор. Така е и сега. Тој бараше избори, а сега панично бега од нив. Ги доби и гаранциите кои ги бараше од Хан и ДИК, но се премисли и за тоа колку ова е за него важно.

На завчерашните маратонски разговори во Пржино, Заев потрошил часови да ги убеди сите останати изборите да бидат одложени. Единственото што очигледно му било важно е избори да нема иако сите го убедувале дека според договорот, избори треба да има на посочениот датум и дека сите услови се и ќе бидат исполнети.

Трите останати најголеми политички партии во земјава ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА не прифатиле одложување на изборите.

Еврокомесарот Јоханес Хан е убеден дека може да се одржат фер и демократски избори на 24 април. Тој истакна дека лично од Претседателот на ДИК добил уверување дека може да се прочисти избирачкиот список и дека тоа нема да биде пречка за одржувањето на изборите. Да потсетиме дека претседателот, мнозинството членови и секретарот на ДИК се луѓе од редовите на СДСМ.

Заев одамна бараше ваков став од Хан, но како и многупати досега не застана зад сопствениот збор. Имено, на 29-ти декември, во изјава за порталот Мета, Заев изјави дека СДСМ ќе излезе на избори само ако Хан и ДИК гарантираат дека се исполнети условите за тоа.

Пред два дена, тој го доби она што го бараше. Гаранции од Хан, ДИК и ОБСЕ дека до 24-ти април условите за избори можат да бидат исполнети. Но, тоа на Заев очигледно повеќе не му е важно. Државата е спремна за избори, но СДСМ не е.

Хан уште еднаш истакна дека списокот до рокот може да се прочисти. Вакво уверување тој истакна по излегувањето од долгочасовните преговори во Пржино, кои лидерот на СДСМ, Зоран Заев ги напушти, неприфаќајќи избори на 24 април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top