Германската судиска двојка Ларс Гепел и Маркус Хелбиг ќе го суди денешниот натпревар меѓу Македонија и Полска од второто коло од А групата од Европското првенство што се игра во Полска. Натпреварот е закажан за 20:30 часот.
Ракометните репрезентации на Македонија и на Полска досега имаат одиграно два натпревара и во двата Македонија постигна победи. Во Вараждин ги победивме со голот на Стевче Алушевски во последните секунди, а Полска тогаш беше актуелен вицешампион на светот, додека во Белград пред преполната Арена со повеќе од 15.000 македонски навивачи повторно беше совладана Полска. Победивме два разлика, а на полувремето беше 18:12.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.