Повеќето од нас слушнале за правилото чаша топла вода испиена одеднаш која одлично го поттикнува варењето и го олеснува процесот на слабеење. Според ајурведа, редовната употреба на варена топла вода го јакне нашиот имунитет, дава сила и енергија. Освен тоа, ова е познат метод на чистење и урамнотежување на организмот токму со пиењето топла вода. Топлата вода го поттикнува варењето, ја чисти кожата, го поттикнува исфрлањето на водата од организмот па затоа е одлична за отстранување на целулитот и слабеење.
Ви откриваме дури три рецепти со топла вода и со уште некоја состојка од кои еден треба да испиете наутро, вториот кога ќе посакате во текот на денот, а третиот половина наутро на празен стомак половина навечер по јадење.
Пијалак број 1
Наутро: Ви помага со губењето на тежината и го поттикнува метаболизмот со чаша топла вода:
– 2 лажици исцеден лимон;
– лажица мед.
Пијалак број 2
Наутро и навечер: Го стабилизира шеќерот во крвта, дава чувство на ситост и го намалува гладот:
– чаша топла вода;
– лажичка цимет;
– лажица мед;
Пијте половина чаша наутро на празен стомак и половина во вечерните часови после јадење.
Пијалак број 3
Еднаш во текот на денот: Богот на хранливите материи, ги намалува потребите за слатко и го поттикнува варењето;
– чаша топла вода;
– лажица исцеден лимон;
– 1 лажица мед;
– 1 лажичка цимет.
Совет плус: Водата нека биде топла, односно изладена доволно, за да можете нормално да ја пиете. Ако не ви се допаѓа некоја од овие состојки, можете да пиете и топла зовриена вода. Не може ништо од ова да ви наштети, бидејќи од ова може само да ви се оди почесто во тоалет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.