| четврток, 6 декември 2018 |

Џихадистите нападнаа турска полициска станица

Припадници на џихадистичката група Исламска држава денеска отворија оган од сириска територија врз полициска станица во селото Јавизлу во турскиот пограничен округ Килис, јави ТАСС.

tenkovigraica-540x320

Според турските медиуми, истрелите врз трурската полициска станица дошле од реонот на сирискиот пограничен град Азез, каде се водат жестоки борби меѓу припадници на ИД и локални паравоени групи.

Најжестоки борби се водат околку три села во близина на Авез. Едно од селата е под контрола на ИД, од каде и биле упатени истрелите кон турската полициска станица.

Претставници на турската Армија информираа дека по нападот, армиските сили го лоцирале местото од каде било стрелно врз полициската станици и врз него отвориле артилериски оган.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top