| четврток, 6 декември 2018 |

Кејт Хадсон ја откри тајната за совршени нозе

Иако актерката Кејт Хадсон има 36 години, две деца, а нејзината професија не е лесна ниту безгрижна, таа има совршено тело, особено нејзините нозе, а некои од тајните за својот изглед ги споделила со јавноста.

ZA-POSLEDNA-Kejt-Hadson

– Прво правам 45 до 55 минути кардио вежби, потоа уште еден час пилатес или јога, и така трипати на ден – изјавила актерката.

Од тренингот на кој троши шест часа дневно, таа ја издвоила вежбата за совршени нозе.

ZA POSLEDNA- Kejt Hadson2

– За почеток би можеле да тргнете со оваа одлична вежба за нозе, со претпоставка да имате топка за пилатес. Лежете на грб и малку раширените нозе положете ги со петиците на врвот на топките. Со рацете на подот, дланките свртени кон подот, подигнете го задникот од подот и стегнете ги мускулите со средниот дел од трупот. Потоа притискајте ја топката и тркалајте ги додека не ви бидат право на топката. Главата, рамениците и грбот држете ги на подот. Полека враќајте ја топката во почетна позиција. Повторете ја 12 до 15 пати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top