| четврток, 6 декември 2018 |

Концентрационен логор станува луксузно летувалиште (ФОТО)

Малиот каменест остров Мамула на влезот во заливот Бока Которска, близу границата меѓу Црна Гора и Хрватска, каде во текот на Втората светска војна се наоѓал италијанскиот концентрационен логор „Нумеро 11“, со одлука на црногорската Влада ќе биде претворен во луксузно летувалиште.

ostrov3-630x408

 

Како што објави британскиот весник „Дејли Мејл“, логорот „Нумеро 11“ бил отворен на 30 март 1942 година и во него италијанските фашисти затворале партизански борци, воени зарбоеници и цивили од Црна Гора и јужна Далмација.

ostrov1

 

Со планот е предвидено на осторовот Мамула да бидат изградени луксузни вили со базени, елитен ресторан и клуб и марина за пристапување на јахти.

На островот се наоѓа тврдина изградена во 1853 година, кога тој бил дел од територијата на Австро-­Унгарија со задача да го штити влезот во заливот Бока Которска, која сега е напуштена и неискористена.

ostrov

 

Семејствата на околу 2.000 затворници во логорот, остро реагираа на ваквата идеја на властите во Подгорица. ­

– Најмладиот затвореник во логорот било едно бебе од селото Побори во близина на Будва. Кога бебето ќе заплачело, италијанските војници ги тепале сите затвореници се додека не завладеала целосна тишина, раскажува Јованка Уљаревиќ, една од противничките на оваа идеја, чија баба била затворена во логорот кога имала 12 години.

ostrov2

Според неа, изградбата на луксузно одморалиште на Мамула ќе ги уништи сите спомени на логорот и на она што се случувало на него.

Но, црногорската Влада не се откажува од идејата, најавувајќи иневстиција вредна 15 милионин евра и отворање 200 работни места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top