Поради снежните врнежи забрана за тешки товарни возила превентивно се воведува на планискиот превој Ѓавато и на патниот правец Струга граничен премин Ќафасан, соопшти попладнево Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Претходно забрана за камиони беше воведена и на патните правци крак Маврово – Дебар, крак Стража – Кичево и Тетово – Попова Шапка, а превентивно и на патот Крива Паланка – граничен премин Деве Баир и планинскиот превој Пресека. Во сила е и забраната за автобуси на патот Тетово - Попова Шапка.
За останатите возила е задолжителна зимска опрема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.