Турскиот национален авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ откажа 95 внатрешни и меѓународни летови од и до Истанбул за денеска и утре поради силни ветрови, соопшти турската телевизија НТВ.
Поради најавените урагански ветрови денеска нема да бидат извршени 50 летови од и до истанбулскиот аеродром Ататурк. За утре се откажани уште 45 летови.
Патниците, кои планирале да летаат за време на викендот, може да добијат повеќе информации за летовите на официјалната страница на „Туркиш ерлајнс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.