| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот на ДИК го известил Хан дека нема пречки за одржување на изборите

izbori-21

Комесарот Јоханес Хан јасно ни кажа дека претседателот на ДИК го известил дека не постојат никакви пречки за одржување на изборите на 24-ти април 2016. Претседателот на ДИК го известил комесарот Хан, рече премиерот Никола Груевски по синоќешната средба во Пржино, откако преговорите пропаднаа поради противењето на лидерот на СДСМ, ЗОран Заев, да има избори на 24 април.

Комесарот Хан нѐ извести дека ОБСЕ го известиле дека не постојат пречки за одржување на изборите на 24-ти април. Покрај тоа, комесарот Хан ни кажа дека и ОДИХР исто така го информирале дека нема пречки и дека има време сѐ да се подготви за изборите да се одржат на 24-ти април. Само еден човек се обидува да ја продолжи кризата во Република Македонија и да ја продлабочи, затоа што со неговото однесување, не само што не може да се реши, туку може да се продлабочи кризата, рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top