| четврток, 6 декември 2018 |

Што се случува ако јадете премногу јаткасти плодови?

И покрај тоа што обилуваат со лековити материи, премногу ореви или бадеми можат да му наштетат на здравјето. Јаткастите плодови како што се оревите, бадемите и индиските ореви се многу здрави. Меѓутоа, не се препорачува претерување во консумирањето на препорачаната дневна доза. Дневната препорачана доза е околу една шака.

orevi1

Доколку претерате еве што може да се случи:

1.Ќе се здебелите

Бројни научни студии покажаа дека јаткастите плодови можат да помогнат во слабеењето.
Тоа се однесува на умереното консумирање, а ако се внесува повеќе од препорачаната дневна количина, може да дојде до спротивен ефект – може да се здебелите. Јаткастите плодови се здрави, но многу калорични. 

2.Може да имате проблем со дигестијата

Ако се чувствувате подуено после консумирање на јаткасти плодови, не сте единствени. Подуеноста на стомакот најчесто е последица на фитати и танини, состојки кои можат да го отежнат варењето.
За да го одбегнете ова, едноставно придржувајте се до препорачаната количина на овие вкусни намирници.

3.Косата и ноктите може да ви станат кршливи, може да дојде до воспаление на мускулите или болки во зглобовите 

Сите овие симптоми се труење со селен, кое може да настане како последица од прекумерно консумирање на огромни количини јаткасти плодови. Иако ова е многу ретка појава, тоа е уште една причина за да го ограничите нивниот внес на една шака дневно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top