-Денеска сите дојдовме четири партии да ги договориме деталите околу изборите на 24 април 2016 година. Од тие четири партии, три партии бевме подготвени да ги договориме сите детали кои треба да се договорат, една партија, односно еден човек дојде со намера да се одложат изборите, односно со барање и инсистирање да се одложат изборите. Тој човек има име и презиме. Неговото име е Зоран, а неговото презиме Заев. Денеска не се зборуваше за никакви детали околу изборите, не се зборуваше ниту за законот за медиуми, не се зборуваше ниту за методологијата за прочистување на списоците, бидејќи Зоран Заев не сакаше за тоа да се зборува. Тој инсистираше да се прифати од страна на сите политички партии дека е добро да се одложат изборите – изјави премиерот Никола Груевски ноќеска, по завршетокот на долгочасовните преговори во Пржино.
Според него Заев од петставниците на другите три политички партии, како и од меѓународната заедница за цело време барал и молел, убедувал и инсистирал да нема избори на 24 април.
–Нас ни е јасно зошто. Затоа што ќе ги изгуби изборите. Меѓутоа тоа е неприфатливо однесување, крајно неодговорно однесување. Такво однесување може да има само неодговорен човек. Со потезите што ги прави тој всушност. Да имаме уште поголеми проблеми, да имаме продолжена агонија која не е од интерес на никого во Република Македонија. Неговите зборови денеска беа поврзани само со одложување на изборите на 24 април, без никакви сериозни аргументи. Тој знае дека методологијата за избирачките списоци и самото прочистување на избирачките списоци е работа што може да се заврши за неколку дена. Тоа тој добро го знае. Добро знае и дека она шо го бара во законот за медиуми го нема никаде во Европа. Ниту една држава во Европа го нема тоа што тој го бара. И знае дека тоа не може да му биде поддржано од никого. Многу бара со цел да има причина да ги одложи изборите, да ја продолжи агонијата и кризата во Македонија и да ја продлабочи. Бидејќи овој човек само во криза е актуелен. Кога нема криза тој н е актуелен. Кога има криза е актуелен и верува дека тоа ќе му донесе политички поени, но тоа му губи политички поени. Затоа што постојано и секојдневно со ваквото однесување неговата поддршка опаѓа. Затоа што народот гледа како се однесува. Одамна се знае дека не држи до зборот, но сега веќе се знае дека заради свои лични интереси се обидува да ја продолжи кризата на сите граѓани на Македонија. Сите да страдаат заради тоа што тој има некаков личен интерес којшто никој друг не го разбира освен тој. Согласно ова вечерва заврши состанокот на начин на којшто заврши, ние не прифативме тоа што тој го бараше. Не прифативме трите политички партии. Слушнавте изјава и на еврокомесарот Хан. Од утре ќе правиме пошироки општествени консултации околу тоа кои ќе бидат нашите следни чекори – рече Груевски.
Запрашан за временото повлекување, вели дека тоа е депонирано и ќе се активира од стотиот ден пред одржување на изборите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница