| четврток, 6 декември 2018 |

Заев во паника од соочување со народот упорно бега од избори

przino propadnati pregovori (18)

Противењето на опозициската СДСМ за одржување на предвремени парламентарни избори на 24 април, кои тие ги бараа, ги одведе во ќорсокак последните преговори кои требаше да го одржат во живот договорот од Пржино. Вчерашните повеќечасовни преговори завршија неуспешмно поради противењето на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, избори да има на 24 април. Тој бил единствениот кој бил против избори. Наспроти него останатите тројца лидери, Никола Груевски, Али Ахмети и Мендух Тачи, како и меѓународниот фактор кој беше вклучен во преговорите, сметале дека има услови изборите да се одржат. Но Заев панично ги напушти синоќешните преговори во Пржино, а со истата таа паника сака да го избегне соочувањето со народот.

Јасно е дека СДСМ се плаши од нов пораз на изборите, што јасно го покажуваат и последните анкети за мерење на рејтниг на политичките партии и политичарите во земјава. Според резултатите од анкетитемакедонските граѓани немаат доверба во него и неговата партија. Сега опозицискиот лидер прави се што е во негова моќ да ги одложи изборите договорени за на 24-ти април.

Заев синоќа со часови се обидувал да издејствува одложување на изборите, па молел и убедувал соочувањето со народот да не се случи на 24-ти април. Со овој чекор Заев покажа дека е свесен дека до 24-ти април рејтингот на неговата партија не може ниту минимално да се помести во нагорна линија и дека исходот од изборите е јасен- голем пораз за партијата која тој ја предводи.

Премиерот Никола Груевски по синоќешната средба потенцира дека не се зборувало за ништо друго затоа што Заев со часови барал изборите закажани за 24-ти април да не се случат.

-Не се зборуваше за никави детали околу изборите, а не се зборуваше ни за Законот за медиуми, ниту, пак, за методологијата за прочистување на избирачките списоци, бидејќи Зоран Заев не сакаше за тоа да се зборува. Тој инсистираше да се прифати од страна на сите политички партии дека е добро да се одложат изборите. Ни потроши повеќе од 12 часови за цело време да бара, да моли, да убедува и да инсистира да нема избори на 24 април, посочи синоќа Груевски.

Дури и еврокомесарот Хан е убеден дека има доволно време до крајот на април да се обезбедат сите услови за изборите да се одржат.

Од трите партии имало неколку предлози кои треба да обезбедат дополнителна сигурност во изборите, но на Заев таа сигурност не му е важна затоа што тој знае дека на избори ќе загуби од народот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top