Oд грубите зборови со „рј“ ќе се исфрли буквата “ј“ па во иднина ќе се зборува или пишува за грешка, а не за грјешка, стрелка а не стрјелка, и повреден а не поврједен. Зборот „не сакам“ (nechu), пак во иднина ќе се пишува заедно, а не одвоено „ ne chu“, како што досега беше случај.
Ова се дел од промените во новиот хрватски правопис кој денес беше објавен на Интернет и за кој во следниот месец се очекува квалитетна јавна расправа. Неговите автори наведуваат дека имаат намера да направат единствен правопис пред
влегувањето на Хрватска во ЕУ.
Новиот правопис донесува и низа нови посовремени зборови кои до сега не беа еднозначно правописно дефинирани, како што се : е-пошта, фенгшуи, хевиметалец, АДСЛ приклучок.
На најновите правописни решенија повеќе од 15 месеци работеа доктори на фололошки науки и од Институтот за хрватски јазик.
– Сакавме да ги заклучиме правописните препораки и тоа пред влезот во ЕУ за да себе си и на другите да покажеме дека сме зрела нација која и најчувствителните прашања ќе може да ги решава во модерна и демократска атмосфера – беше истакнато на претставувањето на правописот, што предизвика голем интерес на јавниоста.
Во Хрватска до сега во употреба беа четири правописи и немаше усопогласени правила околу многу клучни правописни нејаснотии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


