Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Слаб снег превејува на Попова Шапка, Крушево и Плетвар, соопшти АМСМ.
Се препорачува задолжително носење зимска опрема, исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови.
Според УХМР, утре се очекува заладување и поинтензивни врнежи кои во текот на денот, почнувајќи од север, ќе преминуваат во снег. До недела наутро насекаде ќе се формира снежна покривка, освен во крајниот југоисточен дел. На планините во западните делови се очекуваат повеќе од 50 сантиметри нов снег, а на повеќето пониски места снежната покривка ќе изнесува 10 до 20 сантиметри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


