| четврток, 6 декември 2018 |

Трнот во окото на Ердоган: Oслободени притворените професори во Анкара

Петнаесеттемина универзитетски професори, кои беа приведени затоа што се потпишале под декларацијата, што ги осудува воените операции против курдските бунтовници, беа ослободени по распитот, јави Анадолија.

Приведените се дел од 1.000 универзитетски професори и претставници на академските средини од Турција и странство, кои се потпишаа под декларацијата, која го налути претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Обвинителите вчера покренаа истрага против академиците поради можни обвиненија за навреда на државата и покренување на тероиристичка пропаганда во корист на Курдската работничка партија (ПКК).

Апсењето на академиците уследи откако претседателот Реџеп Таип Ердоган остро ги критикуваше потписниците на декларацијата и апелираше до судството да дејствуваат против „предавството“.

Во декларацијата потпишана од повеќе од 1.000 академици од Турција и од други земји апелираа до турските власти да ги запрат „масакрите“. Потписниците побараа и обновување на мировните преговори со бунтовниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top