| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска е најдобриот ден во годината за започнување на диета

Ако сте се одлучиле од 1 јануари да бидете на диета, големи се шансите дека веќе сте се откажале. Дури 42 отсто од луѓето кои на тој ден почнуваат со диета се откажуваат во рок од два до четири дена, покажа едно истражување на водечките британски портали за слабеење.

Од друга страна, дури 45 отсто од оние кои почнуваат од 15 јануари издржуваат најмалку шест недели и долгорочно полесно ги усвојуваат новите прехранбени навики, пишува хрватски „24 сата’.

Една од причините е тоа дека досега најголем број од луѓе се прилагодиле на новата деловна година и полесно ја координираат работата со секојдневните обврски. Првите денови од годината луѓето немат време да се посветат на новиот стил на исхрана, и сметајќи на новиот почеток поставуват нереални очекувања па брзо се откажуват.

Од друа страна, оние кои чекаат до 15 јануари, до тогаш го совладуваат „притисокот“ па полесно ги прифаќаат новите навики водени од чувството дека нешто морат да променат, наведуваат водачите на истражуваето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top